Започна со работа Капитал Финансиски Центар. Не чека многу работа но ние сме одлучни а нашите цели и мисија се јасно поставени. Да го понудиме највисокото ниво на инвестициски услуги на македонскиот пазар за вас. Да го одбереме најадекватниот производ за вас. Да го пронајдеме вистинскиот осигурителен пакет за вас. Деловни и инвестициски можности на странските пазари согласно правната регулатива следејќи го развојот на пазарите на капитал на глобално ниво.
Почнуваме во време кога дополнително е потенцирана важноста од превземање на одговорни чекори кон своите финансии и своите најблиски кои зависат од нас. Финансиските одлуки кои ги донесуваме денес ќе бидат клучни за остварување на нашите цели во иднината. Финансиската слобода е избор, одлука и план, а не нешто што се добива на поклон.
Капитал Финансиски Центар ќе биде вашиот советник за остварување на вашите амбиции за раст. Советник за мудро управување на вашите средства. На тој начин ќе можете мудро да го користите и вашето време.
Ве очекуваме да се запознаеме онлајн или офлајн.
