На седницата што Комисијата за хартии од вредност ја одржа денеска на 29 март, 2021 година, според Законот за инвестициски фондови и Правилникот за начин, постапка и вид на активностите кои може Друштвото за управување со инвестициски фондови да ги пренесе на трети лица, му даде согласност на ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје да ги пренесе работите во врска со воспоставување и одржување на односи со вложувачите на Друштвото за финансиско советување Капитал Финансиски Центар ДООЕЛ Скопје.
Оваа одлука го означува почетокот на соработката помеѓу друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје и нашето друштво за финансиско советување. КБ Публикум Инвест АД Скопје е друштво основано во 2009 година кое изминатите години постигна најголем пазарен удел на вложени средства во фондови во Македонија. Преку оваа соработка на нашите клиенти им нудиме 6 стратегии на вложување во отворени инвестициски фондови кои во комбинација со нашите препораки и совети ќе постигнете мудро управување на вашите средства.
Извор: КХВ
