Придружете му се на успешниот тим на Капитал Финансиски Центар посветен на подигнување на финансиската писменост во Македонија.
Бараме поединци кои се подготвени да се вклучат во успешен и динамичен тим и да заработуваат од остварената продукција. Тоа значи кариерниот и финансискиот успех зависи само од вложениот труд.
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Закажување и одржување состаноци со клиенти;
- Вршење професионални продажни презентации за управување на портфолио со акции, отворени инвестициски фондови, пензиски втор и трет столб и осигурување;
- Координација, логистика и техничка поддршка на тим на соработници (локално и регионално) и
- Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволство од користењето на производите и услугите на Друштвото.
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Упорност;
- Самоиницијативност;
- Комуникативност и
- Тимски играч
Ако се препознавате во овие вредности, можете да станете дел од долгогодишно искуство, кое Ви нуди примарна или дополнителна работа со бројни можности за обука, развој и стекнување на дополнителни лиценци.
Мотивацијата и посветеноста се најважните предуслови за започнување кариера како надворешен претставник на Капитал Финансиски Центар. Доброто е што не треба да имате претходно искуство како финансиски експерт за оваа професија.
Кандидатите треба да аплицираат преку испраќање на професионална биографија на: h.pejovski@capitalam.mk до 21.01.2024 год.
*Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени исклучиво за оваа намена од КФЦ во рок од една (1) година.
** Ова не е оглас за редовно вработување
