Skip to content

КХВ ја одобри соработката на КБ Публикум Инвест со Капитал Финансиски Центар

На седницата што Комисијата за хартии од вредност ја одржа денеска на 29 март, 2021 година, според Законот за инвестициски фондови и Правилникот за начин, постапка и вид на активностите кои може Друштвото за управување со инвестициски фондови да ги пренесе на трети лица, му даде согласност на  ДУИФ КБ Публикум Инвест АД Скопје да ги пренесе работите во врска со воспоставување и одржување на односи со вложувачите на Друштвото за финансиско советување Капитал Финансиски Центар ДООЕЛ Скопје.

Оваа одлука го означува почетокот на соработката помеѓу друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум Инвест АД Скопје и нашето друштво за финансиско советување. КБ Публикум Инвест АД Скопје е друштво основано во 2009 година кое изминатите години постигна најголем пазарен удел на вложени средства во фондови во Македонија. Преку оваа соработка на нашите клиенти им нудиме 6 стратегии на вложување во отворени инвестициски фондови кои во комбинација со нашите препораки и совети ќе постигнете мудро управување на вашите средства.

Извор: КХВ

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност