Skip to content

ОБРАЌАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ

ОБРАЌАЊЕ НА директорот

Капитал групација создава разновидни решенија за исполнување на Вашите променливи финансиски потреби. Секој поединец и семејство има различни финансиски потреби во различни животни периоди, токму затоа нашиот пристап е индивидуален и прилагоден на специфичните потреби на клиентот. Нашиот тим од искусни финансиски советници овозможува најдобра лична услуга и има репутација за извонредност во финансиската индустрија.

Без разлика во каква состојба се Вашите финансии во моментов важно е да преземете чекори за активно управување со Вашиот имот. Од големо значење за Вас е да имате личен финансиски советник, кој ја знае Вашата целосна финансиска слика, со што е во можност да Ви даде соодветен совет и препораки.

Јас сум финансиски советник кој им помага на луѓето, без разлика на приходите, да ги остварат нивните финансиски цели и да достигнат ниво на кое ќе бидат спокојни со своите финансии. Капитал групација има за цел да му помогне на секој поединец во остварување на финансиските цели. Имам извонредна 17 годишна кариера во финансиската индустрија, работејќи и извршувајќи функции во институции како НЛБ Нов пензиски фонд, Стопанска Банка Битола и Илирика, на позиции како портфолио менаџер, член на надзорен одбор и главен извршен директор.

Започнав со инвестирање и планирање на мојата финансиска иднина со потпишувањето на мојот прв пензиски план кога имав 22 години. Веднаш потоа ги направив моите први лични инвестиции во акции. Оттогаш наваму постојано ги надоградувам моите знаења и компетенции во областа на вложувањата во хартии од вредност и управувањето со личните финансии, првенствено заради мојот професионален ангажман, но истовремено заради тоа што тоа ми претставува задоволство и уживање и најмногу заради тоа што сакам да имам повеќе избор во  животот како што станувам повозрасен.

За мене парите не се само за да ги имаме се повеќе и повеќе со цел да го зголемуваме животниот стил и да си купуваме повеќе работи, туку да ни дадат повеќе избор во животот за да можеме да ги оствариме целите и соништата кои ги имаме за семејството, за работата, лично за себе и на крај да имаме спокој и сигурност.

Коста Костадиновски
Скопје, 09.09.2021

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност