Викендов во Крушево тимот на Капитал Финансиски Центар организираше team building семинар кој што го водеше д-р. Жарко Костиќ.
Секој од тимот имаше неверојатна шанса да работи на самиот себе, да го подобри своето „биди“, но истотака да ја подобри успешноста во својата работа. Работејќи на себе, човек сфаќа колку може да се подобри и да стане подобра верзија од себе си и колку малку е потребно да се изгради самодисциплина која ќе носи секојдневна мотивација.
Целта останува иста – Зголемување на финансиската писменост и унапредување на пристапот до квалитетни информации за пазарите на капитал за што помудри финансиски одлуки на нашите клиенти!

