Skip to content

Подкаст епизоди на Your Financial Coach заедно со Капитал Финансиски Центар

На крајот на 2023 година Капитал Финансиски Центар се приклучи на иницијативата на „Your Financial Coach“, поддржани од МОФ, за учество на подкаст епизоди на кои финансиски советници од КФЦ, експерти во областа на личните финансии, ќе споделуваат информации од финансискиот свет и пазарите на капитал.

 

Во првото гостување нашата Билјана Станковска Арсова заедно со „Your Financial Coach“ зборуваше за финансиската писменост и потребата за финансиска едукација на граѓаните. Што е финансиска слобода и како секој од нас ја перцепира? Како се градат здрави финансиски навики? Како да станеме финансиски слободни? И многу повеќе во епизодата посветена на градење финансиска слобода која можете да ја погледнете на следниов ЛИНК.

 

Ќе се согласите, ние економистите сме толку навикнати да користиме термини кои што ги сметаме за сосема вообичаени, а неекономистите секогаш знаат да нѐ погледнат збунувачки. Поради тоа, во второто гостување нашиот Христијан Пејовски заедно со „Your Financial Coach“ толкуваа финансиски термини за подобро снаоѓање во светот на финансиските инструменти. Видеото можете да го погледнете на следниов ЛИНК.

 

Продолжуваме многу наскоро со гостувања на останатите колеги на теми од сеопфатно управување со личните финансии. За да бидете постојано во тек заследете ги следните канали на комуникација:

YouTube – Your Financial Coach

Instagram – Your Financial Coach

TikTok – Your Financial Coach

LinkedIn – Your Financial Coach

… и секако нашите доколку сеуште ги немате заследено:

Facebook – Капитал Финансиски Центар

Instagram – Капитал Финансиски Центар

LinkedIn – Капитал Финансиски Центар

YouTube – Капитал Финансиски Центар

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност