
Покрај фондови со регионални инвестиции, нудиме и фондови со глобални инвестиции. На тој начин, на инвеститорите во Македонија им нудиме широк спектар на инвестициски можности на пазарите на капитал.
Отворените инвестициски фондови се одличен инструмент за постепено штедење. Плати се прво себе си… со 10 до 15% од вашите приходи на годишно ниво, инвестирани во акциски инвестициски фонд, инвестирани на долг рок, се дел од насоките до функционално инвестициско решение за мудро создавање на ваш капитал на подолг рок.
Не знаете кој инвестициски фонд? Ние ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор – инвестициска стратегија, начин на вложување, временски рок, транспарентен преглед на трошоци, очекувани сценарија и се друго што ве интересира поврзано со нив.