Skip to content

осигурување

Класично животно осигурување или животно осигурување поврзано со инвестициски фонд? А што е пак полиса од незгода и смрт? Авто одговорност, мини каско, каско? На кои карактеристики да се обрне внимание при избор на имотно осигурување? Сметате дека приватното здравствено осигурување е актуелно и неопходно но имате еден куп прашања поврзани со него?

Во нашиот тим советници го имаме правиот тим кој ќе ви ги одговори сите претходни или слични на нив прашања. Осигурувањето не треба да ви преставува дополнително оптоварување туку одговорна инвестиција во менаџирање на ризиците.

Партнерските производи на компаниите за осигурување за живот со друштвата за управување на инвестициски фондови се можност за приноси поголеми од оние кои можат да се добијат во банките, а притоа во исто време да го имате осигурено својот живот.

Без разлика дали сте заинтересирани за нови осигурителни производи или оптимизација на ваше постоечко осигурување предлагаме да ви ги обезбедиме сите информативни пресметки и да ја најдеме идеалната понуда. Осигурувањето е единствениот продукт кој треба да го купите кога не ви треба, затоа што не можете да го купите кога ви треба.

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност