Skip to content

КАПИТАЛ АССЕТ МЕНАЏМЕНТ

КАПИТАЛ АССЕТ МЕНАЏМЕНТ

Сте инвестирале и време и труд за да ги создадете Вашите средства. Треба да продолжите и во иднина да ја зголемувате нивната вредност. Ние поседуваме долгогодишно искуство во ова поле. Нашите советници Ви помагаат да ги постигнете Вашите лични финансиски цели. Капитал Ассет Менаџмент е друштво за инвестиционо советување со дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност издадена според Законот за хартии од вредност. Идејата позади основањето на друштвото е да се пополни празнината на пазарот на хартии од вредност со независно друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност, и на тој начин додавајќи нова вредност за Вашите пари.

Инвестиционо советување

Инвестиционо советување е услуга преку која друштвото обезбедува можност да Ве запознаеме со можностите за вложување во компании на берза и да добиете детални информации и анализи поврзани со одредени компании кои што котираат на берзите а се од Ваш интерес. За повеќе информации закажете средба.

Индивидуално управување со портфолио

Услугата управување со портфолио на хартии од вредност е наменета за инвеститори кои имаат парични средства за инвестирање на подолг временски рок, сакаат да направат профит од своите инвестирани средства, а притоа имајќи ја можноста за впаричување на средствата на брз и едноставен начин во секое време. Оваа услуга подразбира дека нашите професионални портфолио менаџери ќе го направат сето тоа во Ваше име и за Ваша сметка. Во последниве години значително се намалија каматните стапки на депозитите во банките. На Вас Ви треба решение со кое Вашите средства ќе се оплодуваат со значително поголем процент. Иако во нашата земја нема традиција за вложување во акции, во минатото акциите на светските берзи се покажале дека се најдобар инструмент за долгорочно инвестирање кои носат зголемување на капиталот. Кога Вие самостојно би инвестирале во акции би требало да вложите многу време, да имате знаење за да направите анализа на компаниите чии акции сакате да ги купите, да донесете одлука кога да ги продадете и постојано да ги собирате и обработувате информациите поврзани со акциите во кои што сте инвестирале. Најголем дел од инвеститорите се соочуваат со недостаток или на време или на знаење или на актуелна информација, па така често се случува да донесат погрешна одлука во погрешно време, најчесто водени од емоции. Поради тоа ако сакате Вашите средства да ги вложите во акции најдобро е да ги контактирате нашите професионални портфолио менаџери кои имаат врвни знаења и вештини за вложување во акции, долгогодишно искуство и одлуките ги донесуваат врз рационална основа базирана на резултатите добиени од деталните фундаментални и технички анализи. За повеќе информации закажете средба.

Закажете средба со нашите советници

Закажете разговор со наш финансиски советник. Пополнете ги Вашите податоци овде и ние ќе Ве контактираме да договориме термин за нашата средба.
Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност