Дали сакате да бидете активни на пазарите на капитал, но немате идеа како? Дали знаете дека за да бидете успешни на пазарите на капитал, мора да ги следите пазарите на капитал на дневна основа, а немате време за тоа?

Станете инвеститор. Капиталните пазари нудат нови можности за раст. Придружете се и Вашите средства ќе бидат третирани на индивидуално ниво и истите ќе бидат прилагодени кон вашите очекувања.

Како високо-стручна финансиска институција обезбедуваме личен, индивидуален пристап, ефикасна и комплетна услуга која ги исполнува барањата на дури и најпребирливите клиенти.

Индивидуалното управување со портфолио е продукт за професионално управување и оплодување на Вашите инвестирани парични средства или акции. Преку индивидуалниот пристап ќе го искреираме Вашето портфолио во зависност од отвореноста кон ризик, возраста, приходите, саканиот принос, временскиот хоризонт на инвестирање и Вашите лични потреби.

Вашите средства ќе бидат управувани на берзанските пазари на основа на високо информирани одлуки. Нашите минати искуства покажуваат високи достигнувања, наш главен императив и за иднина.

Во споредба со традиционалното самостојно тргување на пазарите на капитал, Индивидуалното управување на Капитал Асет Менаџмент го карактеризира активното флексибилно управување и диверзификацијата, бидејќи Вашите средства се инвестирани во акции на ликвидни компании од различни дејности.

Се препорачува Вашите средства да бидат управувани минимум три години, додека оптималниот период на управување е од 5 до 7 години. Меѓутоа управуваните средства не се временски врзани, поради што Вие сте во можност да извршите нови уплати или да ги повлечете Вашите средства во било кое време.

Главни предности:

· Личен третман

· Активно тргување

· Искусни професионални портфолио менаџери

· Хартиите од вредност се чуваат на специјална портфолио сметка во Ваша сопственост

· Различни инвестициони пакети и стратегии

· Мотивирани портфолио менаџери – квартална провизија на успех

· Ликвидност – Вашите средства не се временски врзани

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност