КОИ СМЕ НИЕ ?
Капитал Финансиски Центар го претставуваат овластени советници кои имаат долгогодишно искуство во областа на финансиите. Преку нашите едукативни настани Ви овозможуваме да дојдете до соодветни информации за начинот на функционирање на пазарот на капитал, осигурувањето, пензиските и инвестициските фондови и кредитното оптимизирање. Капитал Финансиски Центар е Ваш доверлив партнер во остварување на краткорочните и долгорочните финансиски цели. Капитал Ассет Менаџмент го претставуваат професионални портфолио менаџери, лиценцирани инвестициски советници од Комисијата за хартии од вредност, со долгогодишно домашно и меѓународно искуство на пазарите на капитал. Преку услугите на инвестиционо советување и управување со портфолио на хартии од вредност овозможуваме правилно изложување кон пазарот на капитал.

ВИЗИЈА
Водечко независно друштво, кое ги задоволува финансиските цели на нашите клиенти, преку квалитетно сеопфатно управување со нивните средства, испорачано од докажани, доверливи и професионални советници.
МИСИЈА
Градиме долгорочен партнерски однос со нашите клиенти со високо ниво на меѓусебна доверба и почитување притоа обезбедувајќи квалитетни решенија согласно нивните променливи потреби и финансиски цели.


СУШТИНСКИ ВРЕДНОСТИ
Секогаш дејствуваме во најдобар интерес на нашите клиенти со коректен и чесен пристап кој е основа на нашето работење
ИНТЕГРИТЕТ
– одржуваме највисоки стандарди на чесност и одговорност
– заштита на интересите на клиентот
– испорака на квалитетно и сеопфатно финансиско планирање


ИНИЦИЈАТИВНОСТ
– се стремиме кон совршеност на услугата
– секогаш проактивен пристап
– континуирано генерирање нови идеи
СОРАБОТКА
– поттикнуваме чувство на припадност на нашите клиенти, соработници и вработени
– обезбедуваме околина за личен раст и развој
– тимска работа водена со взаемно почитување
– општествена одговорност

Високо квалификувани советници со долгогодишно искуство и задоволни клиенти се наша клучна предност пред конкуренцијата. Посветени сме на целосно независно финансиско советување, што го става интересот на нашите корисници на прво место.
