Skip to content

Наша понуда

наша понуда

Сте инвестирале и време и труд за да ги создадете и зап вашите средства. Треба да продолжите и во иднина да ја зголемувате нивната вредност. Ние поседуваме огромно искуство во ова поле. Нашите советници Ви помагаат да ги постигнете Вашите лични финансиски цели.

КАПИТАЛ АССЕТ МЕНАЏМЕНТ

 

Сте инвестирале и време и труд за да ги создадете Вашите средства. Треба да продолжите и во иднина да ја зголемувате нивната вредност. Ние поседуваме долгогодишно искуство во ова поле. Нашите советници Ви помагаат да ги постигнете Вашите лични финансиски цели.

Капитал Ассет Менаџмент е друштво за инвестиционо советување со дозвола за работа од Комисијата за хартии од вредност издадена според Законот за хартии од вредност. Идејата позади основањето на друштвото е да се пополни празнината на пазарот на хартии од вредност со независно друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност, и на тој начин додавајќи нова вредност за Вашите пари.

ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ 

Отворените инвестициски фондови се одличен инструмент за постепено штедење. Тие се финансиски инструмент кој Ви овозможува со постепено вложување да создадете капитал за исполнување на Вашите финансиски цели: купување на нов автомобил, стан, куќа, школување на децата или пак за доживување на финансиска слобода.

Како експерти за управување со лични финансии сметаме дека со одвојување на 10 до 15% од Вашите приходи на годишно ниво, инвестирајќи ги во инвестициски фондови на подолг рок секако ќе ја постигнете вашата финансиска цел.

Не знаете кој инвестициски фонд? Глобален, регионален, секторски, индексен… Ние ќе Ви помогнеме да го направите вистинскиот избор – инвестициска стратегија, начин на вложување, на кој временски рок…

ОСИГУРУВАЊЕ 

Класично животно осигурување или животно осигурување поврзано со инвестициски фонд? А што е пак полиса од незгода и смрт? Авто одговорност, мини каско, каско? На кои карактеристики да се обрне внимание при избор на имотно осигурување? Сметате дека приватното здравствено осигурување е актуелно и неопходно но имате еден куп прашања поврзани со него?

Нашите советници ќе Ви ги одговорат сите претходни или слични на нив прашања. Осигурувањето не треба да Ви преставува дополнително оптоварување туку одговорна инвестиција во менаџирање на ризиците.

Партнерските производи на компаниите за осигурување за живот со друштвата за управување на инвестициски фондови се можност за приноси поголеми од оние кои можат да се добијат во банките, а притоа во исто време да го имате осигурено својот живот.

Без разлика дали сте заинтересирани за нови осигурителни производи или оптимизација на Ваше постоечко осигурување предлагаме да Ви ги обезбедиме сите информативни пресметки и да ја најдеме идеалната понуда. Осигурувањето е единствениот продукт кој треба да го купите кога не Ви треба, затоа што не можете да го купите кога Ви треба.

ПЕНЗИСКИ ПЛАНОВИ 

Во нашиот тим на финансиски советници се вклучени и лиценцирани агенти за пензиски фондови кои можат да ви помогнат полесно да го разберете вашето зелено плико, да ви дадат одговори на сите прашања поврзани со вториот и третиот столб на нашиот пензиски систем. Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Посредување при купување и продажба на акции

Отсекогаш сте сакале да поседувате акции? Ние ќе ви го посветиме потребното време да ви дадеме одговор на сите прашања поврзани со хартиите од вредност и ќе ве поврземе со ваш брокер преку кој ќе можете да станете инвеститор.

Кредитна оптимизација

Имате желба да ја подобрите вашата финансиска слика? Доколку имате чувство дека Вашите кредитни производи кои ги користите веќе не ги раководите на најдобар можен начин, предлагаме да закажете состанок со нас и заедно да дојдеме до потребната кредитна оптимизација, да заштедите на идните камати и од разликата да направите дополнителен капитал.

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност