Друштвото за инвестиционо советување Капитал ассет менаџмент (capitalam.mk) работи во областа на финансиски менаџмент. Со цел проширување на нашиот тим, потребна е личност која ќе ни се придружи на работната позиција:
АДМИНИСТРАЦИЈА НА ПОЗАДИНСКИ ОПЕРАЦИИ (Back office)
Ваши задачи:
- навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури
- внес на податоци за сеопфатното работење во софтверски програм;
- спроведување на програмата за заштита на лични податоци
- спроведување на програмата за спречување перење пари и финансирање тероризам
- подготовка и водење на писмена и електронска кореспонденција со партнери и клиенти
- оперативна комуникација со клиенти
- редовна координација со претпоставениот и организација на канцелариските обврски и архивирање на предметите
- изработка на дневни, неделни и месечни планови за работа
- останати работни активности од делокругот на работното место, согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот.
Потребни квалификации:
- минимум завршено средно стручно образование, предност имаат кандидати со завршено високо образование во областа на економија/право
- пожелно претходно административно работно искуство минимум 2 години
- солидно познавање на работа со компјутер (MS office: Word, Excel, Power Point)
- способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност
- изразени аналитички и математички вештини
- истакнати комуникациски способности и сигурен настап
- високоразвиени организациски вештини
- волја за успех и постигнување на цели, во тесна соработка со мотивиран тим
- пожелно е познавање на англискиот јазик.
Ние Ви нудиме:
- Воведување во работата со обука од ментор
- Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи
- Платено колективно осигурување
Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете ни професионална биографија на info@capitalam.mk до 23.02.2024
*Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени исклучиво за оваа намена од KAM во рок од една (1) година.
