Skip to content

Денови на Финансиска Независност со „Младите Можат“

Да се работи со млади на темата финансиска писменост секогаш ни претставува задоволство. Втора година по ред, благодарение на довербата која ни ја даде Здружението „Младите Можат“, тим на тренери, дел од Капитал Финансиски Центар, нашите Билјана Станковска Арсова, Дејан Арсов и Христијан Пејовски минатата недела зборуваа на повеќе теми поврзани со финансиите како дел од програмата за финансиска писменост на млади за потребите на проектот „All for You(th)“,финансиран од Европската комисија.

Во рамки на програмата посетителите се стекнаа со практични вештини како да управуваат со личниот и семејниот буџет, да поставуваат краткорочни и долгорочни финансиски цели, се запознаа со учесниците и инструментите на пазарот на капитал, со банкарските производи и услуги, пензискиот систем и какви видови на осигурување постојат. На овој настан беше опфатена и темата: крипто валути – дигитални пари, инвестиција или коцка, дигитални паричници.  На посетителите им беше доловена разликата меѓу класичен штедач и инвеститор, се запознаа со начинот на функционирање на инвестициските фондови, стратегиите на инвестирање во отворени инвестициски фондови, каматно – каматниот ефект (Compounding effect)како и со ефектот на упросечување (Cost Average).

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност