Skip to content

Економија и Бизнис: Акциите се реален и опиплив имот, чувањето готовина станува сѐ поскапо

Коста Костадиновски и Билјана Станковска Арсова
Основачи на Капитал Ассет Менаџмент и Капитал Финансиски Центар

(од печатеното издание на Економија и бизнис, 15.04.2024г.)

Бројот на граѓани кои поседуваат акции во Македонија, според информациите од Централниот депозитар за хартии од вредност, е помал од 3% од вкупниот број на жители во државава.

Најголем дел од заштедите граѓаните традиционално ги чуваат во банкарски депозити. Тоа е нешто што го научиле од своите родители бидејќи можностите за вложување во други финансиски инструменти, како што се акциите, немаат повеќегенерациска традиција.

Од друга страна, има луѓе кои поседуваат стабилни бизниси и тие генерираат слободни парични текови, а на самите бизниси не им се потребни нови и свежи пари, односно генерираат вишок. Тие менаџери знаат да прават пари во својот бизнис, но бидејќи во даден момент немаат потреба од дополнително вложување, парите треба да ги стават во функција со цел да им се продуцираат добивки и дивиденди надвор од постоечкиот бизнис.

За да го прочитате целото интервју клинетете на линкот

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност