Граѓаните на Македонија ќе може да вложуваат во американски државни обврзници. Коста Костадиновски од „Капитал Асет Менаџмент“ потврди дека може да се купат американски државни обврзници по добри цени со годишен принос поголем од 3 отсто.
Обврзницата е финансиски инструмент, кој овозможува сигурност на вложените средства, загарантирана камата и исплата на главница.
„За голем дел од граѓаните е соодветно да вложуваат во сигурни пласмани со фиксен принос. Тоа е карактеристика на вложувањето во обврзница издадена од САД која има највисока оценка за кредитен рејтинг од повеќе меѓународни рејтинг агенции, како што се „Fitch“ и „Moody′s“. Потоа, има загарантирана камата – кога се инвестира во обврзница се заработува од каматата и од загарантираниот износ на вредноста на обврзницата во моментот на доспевање. Во моментов американските обврзници со рочност до две години се добра можност на пазарот“, вели Костадиновски.
Целата статија можете да ја прочитате на следниов ЛИНК, а за подетални информации за можностите кои ги нуди пазарот на капитал контактирајте не на info@capitalam.mk или на +389 76 826 600.
