Skip to content

Меѓународните сметководствени стандарди му требаат на домашниот пазар на капитал

На 24-тата годишна конференција на Македонската берза, која викендов ги собра сите водечки имиња од финансискиот сектор во Македонија, учество како панелист зеде и Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.

 

На панел-дискусијата „Пред и после 2025-та – влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување“, тој говореше за значењето на имплементацијата на новите стандарди и нивното влијание врз домашниот пазар на капитал.

 

Костадиновски нагласи дека донесувањето на ажурираните меѓународни сметководствени стандарди е позитивен чекор што заслужува поддршка, но истовремено посочи дека е клучно нивната примена да биде целосна и доследна. Според него, ова ќе овозможи аналитичарите од инвестициските куќи да имаат поедноставна и пореална споредба на домашните компании со слични компании на регионално и глобално ниво, што ќе придонесе кон подобро вреднување и поголема предвидливост.

Тој исто така подвлече дека за компаниите од приватниот и јавниот сектор кои имаат амбиции да излезат на берза, примената на новите стандарди ќе биде чекор напред бидејќи ќе се тргне една препрека што ќе им овозможи полесен пристап до странски инвеститори.

„Со новите правила ќе се зголеми довербата и транспарентноста во извештаите на компаниите, а тоа е предуслов за развој на пазарот на капитал и за привлекување свежи инвестиции“ изјави Костадиновски.

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност