Skip to content

Придружете се на тимот – Надворешен претставник за продажба / Финансиски планер

Придружете му се на успешниот тим на Капитал Финансиски Центар посветен на подигнување на финансиската писменост во Македонија.

 

Бараме поединци кои се подготвени да се вклучат во успешен и динамичен тим и да заработуваат од остварената продукција. Тоа значи кариерниот и финансискиот успех зависи само од вложениот труд.

 

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

 

  • Закажување и одржување состаноци со клиенти;
  • Вршење професионални продажни презентации за управување на портфолио со акции, отворени инвестициски фондови, пензиски втор и трет столб и осигурување;
  • Координација, логистика и техничка поддршка на тим на соработници (локално и регионално) и
  • Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволство од користењето на производите и услугите на Друштвото.

 

КВАЛИФИКАЦИИ:

 

  • Упорност;
  • Самоиницијативност;
  • Комуникативност и
  • Тимски играч

 

Ако се препознавате во овие вредности, можете да станете дел од долгогодишно искуство, кое Ви нуди примарна или дополнителна работа со бројни можности за обука, развој и стекнување на дополнителни лиценци.

Мотивацијата и посветеноста се најважните предуслови за започнување кариера како надворешен претставник на Капитал Финансиски Центар. Доброто е што не треба да имате претходно искуство како финансиски експерт за оваа професија.

 

Кандидатите треба да аплицираат преку испраќање на професионална биографија на: h.pejovski@capitalam.mk до 21.01.2024 год.

 

*Со испраќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени исклучиво за оваа намена од КФЦ во рок од една (1) година.

** Ова не е оглас за редовно вработување

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност