Skip to content

Средношколци од Битола и Струга следеа програма за финансиска писменост

Како младите правилно да штедат и да ги инвестираат своите пари, како животна вештина, почнаа да ја осознаваат средношколци од Битола и Струга преку програмата за финансиска писменост во организација на здружението „Младите можат“.

Христијан Пејовски, дел од тимот на Капитал финансиски центар и Капитал ассет менаџмент на младите им пренесе знаења и искуства за да ги сфатат важноста на финансиската писменост, управувањето со личните финансии и остварувањето на финансиските цели.

„Преку интерактивни тимски задачи, учесниците учеа како да управуваат со приходите и трошоците, како да поставуваат и реализираат финансиски цели и како да донесуваат подобри одлуки за својата иднина. Исто така, тие ја открија разликата меѓу штедењето и инвестирањето и преку реални примери дознаа кога е попаметно да се биде штедач, а кога инвеститор“, објаснува Пејовски.

Врз база на долгогодишното искуство во областа на финансиската едукација преку Капитал финансиски центар и од своето работно искуство како инвестициски советник во Капитал ассет менаџмент, Пејовски сподели инспиративни и практични примери кои ќе им помогнат на младите на патот кон нивната финансиска независност.

Обуките со младите се одржаа во Europe House во Битола и во Струга, преку програмата за финансиска писменост како дел од проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија.

Користиме колачиња (cookies) на нашата веб-страница. Некои од нив се од суштинско значење за работата на страницата, додека други ни помагаат да ја подобриме оваа страница и корисничкото искуство (колачиња за следење). Можете сами да одлучите дали сакате да дозволите колачиња или не. Забележете дека ако ги одбиете, можеби нема да можете да ги користите сите функционалности на страницата. Политика на приватност